Нејмар ја крева формата пред СП, со два гола донесе победа за Сантос! (ВИДЕО)

Нејмар се надева дека ќе добие повик за настап на Светското првенство, бразилската ѕвезда игра се подобро, но тешко е да се каже дали Анчелоти би го повикал за Мундијалот.

Сантос со 2-1 го победи Васко да Гама, а двата гола беа дело на Нејмар.

„Минатата недела велеа дека сум најлошиот фудбалер во светот! Фудбалот е таков, еден ден треба да се пензионирате, а другиот да одите на Светско. Јас живеам од ден за ден, работам, и доаѓам до мојата најдобра можна форма“, вели Нејмар.

Тој одамна не бил дел од бразилската селекција, а никогаш под водство на Анчелоти, останува да се види дали Италијанецот би го повикал на Светското првенство ако продолжи со добрите игри.