Хаос во Порторико: Навивачи го соборија Лионел Меси на земја (ВИДЕО)

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси постигна гол од пенал во 69. минута за да му донесе победа на Интер Мајами од 2-1 над еквадорскиот Индепендиенте дел Вале во пријателски натпревар одигран во Порторико, пред околу 20.000 навивачи.

Натпреварот го одбележаа инциденти што се случија кога неколку навивачи влегоа на теренот на стадионот „Хуан Рамон Лубриел“ во Бајамон. Еден од нив го зграпчи Меси и го собори на земја, пред обезбедувањето да го изнесе надвор од теренот.

Тоа не беше се од хаосот на овој натпревар. Мечот доцнеше околу еден час поради тоа што се создаде мешаница пред стадионот и организаторот едвај успеа да воспостави ред на трибините. Освен тоа, двете екипи настапија во црни дресови што создаде невидена конфузија кај сите што го следеа мечот.