„Лејкерс треба да размисли за трејд на Леброн Џејмс“

Поранешниот тренер на Њујорк и Хјустон, Џеф Ван Ганди смета дека Лејкерс треба да влезе со видно изменет тим за наредната сезона, а една од опциите според Ганди,т треба да биде трејд на „кралот“ Леброн Џејмс.

Доаѓањето на Џејмс во Лејкерс не промени многу од аспект на обезбедување на плеј-офот, „езерџиите“ одново ќе имаат подолг одмор пред почетокот на сезоната.

„Мора да се гради нов тим. Според мое мислење треба да биде ангажиран Ентони Дејвис или мислам дека треба да размислат за трејд на Леброн. Ако може да го преселат во Клиперс, тогаш ќе направат место за Кевин Дурант или Кавај Ленар“, вели Ван Ганди.

По оваа изјава Ван Ганди доби и многу спротиставени мислења на оваа тема.