Лејкерс со шампионска лекција за Денвер и Јокиќ, седум тројки за Богдановиќ против Портланд (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс славеше по три порази по ред, и тоа против третопласираниот тим на Западот, Денвер (93-89) со што ја прекина нивната победничка серија.

Ентони Дејвис беше најдобар на теренот и постигна 25 поени за Лејкерс, додека Јокиќ на спротивната страна постигна 32 поени, девет скокови и пет асистенции.

Поразот на Денвер не беше болен зашто обезбедија пласман во топ-6 по поразот на Портланд и не треба да се грижат за плејофот.

Атланта му направи услуга на Денвер, откако го совлада Портланд со 123-114. Тие ја прекинаа нивната одлична серија од четири победи, а Данило Галинари беше најефикасен со 28 постигнати поени од седум тројки. И Богдановиќ постигна седум тројки, па стигна до 25 поени на дуелот.

Резултати:

Детроит – Орландо 112-119
Вашингтон – Индијана 154-141
Њу Орлеанс – Голден Стејт 108-123
Чикаго – Филаделфија 94-106
Мемфис – Њујорк 104-118
Јута – Сан Антонио 110-99