Легенда: Пет Рајли бил дел во една четвртина од сите финалиња во историјата на НБА!

Дека Пет Рајли е можеби најлегендарната личност во историјата на НБА се потврдува од неверојатниот статистички податок дека бил учесник на 24,7-отсто од сите финални средби досега во најсилната лига на светот и тоа во три различни улоги – играч, тренер и функционер.

Тој годинава по 19-ти пат ќе биде дел од битката за најдрагоцениот трофеј, откако неговиот тим Мајами хит, каде што од 1995 година работи како претседател за кошаркарски операции, додека во повеќе наврати во меѓу време ја извршуваше и улогата на прв тренер. „Жешките“ по стартните 3-0 ги загубија следните три меча во серијата од финалето на Истокот против Бостон селтикс, но потоа ја доби „мајсторката“ на теренот на противникот со што се избори за шанса да се бори за трофејот против Денвер нагетс.

Тоа воедно е шанса Рајли да дојде до десеттиот шампионски прстен во пребогатата кариера, во која досега има еден шампионски трофеј како играч (1972 година), еден како асистент во ЛА Лејкерс (1980), пет како прв тренер во ЛА Лејкерс и во Мајами (1982, 1985, 1987, 1988, 2006) и две како претседател на „жешките“ (2012, 2013).