
Леброн импресиониран од Дончиќ: Човеку тоа е лудо! (ВИДЕО)
На официјалната Твитер-страница на НБА-лигата, беше објавено кратко видео од една нестварно добра асистенција на Дончиќ, затворен во аголот од теренот од двајца противници. Леброн Џејмс само го презеде тој твит и додаде свој коментар на чудесијата која ја изведе Дончиќ:
„Човеку тоа е едноставно лудо!“, напиша „Кралот“.
Man that's SIMPLY INSANE!!!! 🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣 https://t.co/WqyIWKHs4T
— LeBron James (@KingJames) March 28, 2023
Ова беше 49. натпревар сезонава во кој Дончиќ има барем 25 поени и по пет скока и асистенции и е убедливо најдобар во таа категорија во НБА.