Леброн се спореди со Том Брејди и откри кога ќе се пензионира

Леброн Џејмс и сезонава игра одлично во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, па го носи неговиот тим кон плејоф по долга пауза, а новинарите често ги интересира кога ќе се пензионира бидејќи Американецот има 34 години.

Џејмс можеби имаше најдобра изјава за тоа кога ќе се пензионира, па реши да се спореди со Том Брејди, легендарниот играч во НФЛ.

„Том Брејди и јас сме слични, зашто ќе играме додека можеме да одиме“, порача Леброн.