Леброн Џејмс: Не знам дали ќе играм и следната сезона!

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс ја игра својата 23. сезона во НБА-лигата, а ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс за време на Олстарот доби прашање за својата иднина.

Новинарите ги интересираше дали Леброн ќе игра кошарка во НБА-лигата и следната сезона, при што Американецот даде краток одговор.

„Сакам да живеам. Кога ќе бидам сигурен, ќе ви дадам одговор. Во моментов не знам дали ќе играм следната сезона“, кажа Леброн.

Ѕвездата на Лејкерс има 41 година, а ова му е последната година од договорот со тимот од Лос Анџелес.

Фото: Facebook/Los Angeles Lakers