Леброн Џејмс има само две опции за својата иднина!

Леброн Џејмс нема многу дилеми каде ќе ја продолжи кариерата, па најдобриот кошаркар на Кливленд кавалирс има само две опции за својата иднина.

Едната од нив е да остане во Кливленд, а другата е да замине во Лос Анџелес лејкерс, но неделава ќе ја каже својата конечна одлука.

Еден новинар на „ЕСПН“, Брајан Виндхорст, кажа дека Лејкерс би можеле да го ангажираат Каваи Ленард од Сан Антонио, а потоа би пристигнал и Џејмс, со што екипата од Лос Анџелес би имала моќен тим, кој би можел да се избори за плејоф-серијата, па можеби и подобри резултати.