„Кралот“ се врати, Лејкерс победи и сега чека мега-кикс на – Портланд (ВИДЕО)

Леброн Џејмс се врати во тимот на ЛА Лејкерс во синоќешната важна победа во гостинската пресметка со Индијана (122-115) со што „езерџиите“ останаа во игра за шестата позиција на Западот, која овозможува директно учество во плејофот, а избегнување на квалификацискиот плејин.

Но, за да дојдат до посакуваната позиција, кошаркарите од Лос Анџелес мора да чекаат кикс од директниот ривал, Портланд трејлблејзерс. Двата тима имаат изедначен учинок 41-30 во пресрет на последнте дуели од регуларниот дел од сезоната, во кои „пионерите“ ќе се сретнат со Денвер, а Лејкерс со Њу Орлеанс, тимови кои исто така имаат императив за победа за подобар пласман пред доигрувањето.

Ентони Дејвис со 28 поени и 10 скока беше најпрецизен кај актуелниот прва, додека повратникот Џејмс средбата ја заврши со 24 поени. Карис Лаверт беше најефикасен кај домашниот тим со 28 поени и 12 асистенции, а мора да се напомене дека „пејсерс“ играат без тројца стартери и тоа Сабонис, Брогдон и Тарнер.

РЕЗУЛТАТИ: Бруклин – Чикаго 105-91, Индијана – ЛА Лејкерс 115-122, Њујорк – Шарлот 118-109 (прод.), Минесота – Бостон 108-124, Сан Антонио – Феникс 103-140, Минесота – Мајами 122-108.