Кошаркарите на Чикаго се жалат на новиот тренер - премногу тренирале

Чикаго булс од минатата недела имаат нов тренер во името на Џим Бојлен, кој го наследи отпуштениот Фред Хојберг. 

Бојлен веќе три сезони е дел од стручниот штаб на Булс, па раководството него му ја довери работата. По една тесна победа против Оклахома, Чикаго доживеа дебакл против Бостон на свој паркет.

Булс загубија со рекордни 56 поени, што предизвика бура од реакции кај навивачите. Проблемите во таборот на Чикаго очигледно се уште поголеми, бидејќи кошаркарите одбиле да тренираат.

Наводно ѕвездите биле незадоволни од тренинзите на новиот тренер Бојлен. Тие траеле по два ипол часа и повеќе личеле на војнички тренинг, отколку на кошаркарски. Тие биле шокирани кога Бојлен побарал од нив да се појават на тренинг следниот ден по поразот од Бостон. 

Наводно, кошаркарите биле толку „угнетувани“ на тренинзите што се пожалиле дури во Асоцијацијата на кошаркар на НБА-лигата за третманот кој го добиваат од тренерот. Засега нема никакви официјални информации, но американските медиуми пишуваат, дека Бојлен имал состанок со дел од кошаркарите, но не сакал да го намали интензитетот на тренинзите.

Очигледно кошаркарите на Чикаго не знаат што е напорна работа. Милионите што ги добиваат како плата сакаат да ги заработат без премногу пот.