Кошаркар на Голден Стејт одби да се вакцинира поради неговата религија!

НБА-лигата реши сезонава да биде поригорозна кога станува збор за вакцинацијата, а тоа би можело да му направи проблеми на Голден Стејт вориорс.

Американските медиуми пишуваат дека Ендру Вигинс не сака да се вакцинира поради религиозни причини, па поради тоа поднесе барање да му биде дозволено да настапи во НБА-лигата.

Доколку Вигинс не доби дозвола да игра, тогаш го чека тешка одлука. Тој ќе мора да се вакцинира или ќе треба да плаќа по 350.000 долари за секој меч што ќе го пропушти на неговата екипа.