Контроверзниот кошаркар на Голден Стејт преминува во Лејкерс!?

Оваа сезона на Голден Стејт Вориос не е како минатите, има многу немири во редовите на актуелниот шампион. Меѓудругото сигурно ја паметите кавгата помеѓу Дрејмонд Грин и Кевин Дурант, а токму Грин е потенцијалното засилување на Лос Анџелес Лејкерс. 

Грин во редовите на Вориорс е од 2012 година и самиот факт дека постои можност тој да го напушти клубот е зачудувачки. Но, Грин се реши за еден радикален потег, па одлучи да го смени досегашниот агент кој го застапуваше, а во иднина тоа ќе го прави Рич Пол.

Токму Рич Пол, е многу близок пријател со ѕведата на „езерџиите“, Леброн Џејмс. Медиумите од САД шпекулираат дека Џејмс преку Пол ќе се обиде да стигне до потписот на Грин и со тоа да направи „дрим тим“ во Лејкерс.