Клиперс убедливо против ослабените Лејкерс, Јокиќ го мина легендарниот Чемберлен (ВИДЕО)

Лос Анџелес клиперс славеа со 104-86 против градскиот ривал Лејкерс во дербиот на НБА-лигата. 

Маркус Морис со 22 поени ги предводеше условно кажано домаќините до триумфот, додека Каваи Ленард имаше 19 поени и 10 скока, а Пол Џорџ застана на 16 поени. Кај Лејкерс кои беа без ѕвезденото трио, Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Андре Драмонд, најефикасен беше поранешниот кошаркар на Клиперс, Мотрез Харел со 19 поени. За Лејкерс ова беше шести пораз на последните девет средби.

Денвер славеше со 119-109 против Орландо, а на овој натпревар Никола Јокиќ успеа да го мине легендарниот Вилт Чемберлен. Србинот постигна 17 поени и имаше 16 асистенции и девет скока. Тоа за него беше 81.натпревар на кој има 10 десет или повеќе асистенции и стана првиот центар во историјата на НБА-лигата со ваков ефект минувајќи го Чемберлен.

Стеф Кари постигна 37 поени, но тоа не беше доволно за Голден Стејт, бидејќи Атланта победи со 117-111. 

Фаворизираните Бруклин нетс загубија на гостувањето кај Чикаго со 115-107. Кајри Ирвинг постигна 25 поени со 15 асистенции за гостите, додека најдобар во домашниот тим беше Никола Вучевиќ со 22 поени и 13 скока.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Бостон - Шарлот 116-86
Филаделфија - Мемфис 100-116
Хјустон - Њу Орлеанс 115-122