
Клеј Томсон блесна како во најдобрите денови: Вориорс подобри од шампионот (ВИДЕО)
Клеј Томсон го одигра својот најдобар натпревар откако во јануари се врати по двегодишна пауза поради тешки повреди и постигна 38 поени. Џордан Пул исто така одигра одличен натпревар со 30 поени за победничкиот тим, додека кај гостите Јанис Адетокумпо имаше 31 поен и осум скока.
Денвер на домашен паркет беше изненаден од Торонто со 115-127. Паскал Сијакам имаше 33 поени, Скоти Барнс 25, а Крис Бушер имаше 21 поен и 13 скока за Репторс. Никола Јокиќ со 26 поени и 10 скока беше најдобар кај Нагетс.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Чикаго - Кливленд 101-91
Мајами - Минесота 104-113
Сан Антонио - Индијана 108-119
Јута - Сакраменто 134-125
Портланд - Вашингтон 127-118