Македонската публика во Вадуц им оддаде почит на жртвите во Кочани (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска има голема поддршка од трибините во Вадуц, каде што го игра квалификацискиот меч за СП 2026 против Лихтенштајн.

Публиката на трибините во 59. минута им оддаде почит на настраданите во трагедијата во Кочани, откако го скандираше името на градот.

Животот го загубија 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“, додека над 155 беа повредени и пренесени во болница.