
Милевски треба да внимава: Велс уште нема пораз под водство на Белами
Точно е дека Македонија е во серија од шест победи, сите без примен гол, но и Велс може да се пофали со добра низа резултати. Селекцијата на оваа земја е без пораз на последните седум натпревари, односно откако на клупата е легендарниот Крег Белами.
Тој беше назначен во јули 2024, дебитираше два месеца подоцна и досега има четири победи и три нерешени резултати. Во Лигата на нации ги победи два пати Црна Гора и Исланд, а ремизираше со Исланд и два пати со Турција за вчера победнички да ги почне квалификациите за Светското првенство со триумф од 3-1 против Казахстан.
Осмиот меч од својот селекторски мандат, Белами ќе го има во на Градскиот стадион во Скопје каде во 2013 година како играч ја предводеше репрезентацијата на Велс, во квалификациите за Светското првенство во Бразил. Македонија тогаш славеше со 2-1, а головите ги постигнаа Тричковски и Трајковски.