Играч на Чикаго за малку не направи нешто што во НБА не е видено над три децении

Кошакаркарот на Чикаго Булс, Џош Гиди беше меѓу кошаркарите кои го одбележаа мечот против Лос Анџелес Лејкерс, а малку недостасуваше да го запише своето име меѓу легендите на НБА лигата.

Австралискиот репрезентативец оствари трипл дабл со 15 поени, 12 скока и 17 асистенции, но испушти можност да стане само петтиот кошаркар во историјата на НБА со квадрипл дабл (двоен ефект во четири различни категории). Застана на 8 украдени топки и пропушти шанса каква можеби нема да има повеќе во кариерата.

Во историјата на НБА, квадрипл даб остварија само Нејт Тармонд, Алвин Робертсон, Хаким Олајџувон и Дејвид Робинсон. Последен меѓу нив беше Робинсон кој на 17 февруари 1994 година против Детроит постигна 34 поени, 10 скока, 10 асистенции 10 блокади.