
Модриќ: Сакам да се пензионирам во Реал Мадрид!
Модриќ кажа дека во моментов не планира да се пензионира, но засега е неизвесно и дали ќе остане во Мадрид бидејќи договорот со Реал му завршува на крајот на сезоната.
„Во моментов не размислувам за пензија. Секогаш повторувам, би сакал да ја завршам кариерата во Реал Мадрид. Тоа е мојот сон. До крајот на сезоната има уште многу натпревари и останувам фокусиран. Засега не мислам на нов договор“, вели Модриќ.