Багдатис прогнозира: Ѓоковиќ ќе оди во пензија кога ќе го освои Вимблдон

Легендарниот тенисер Маркос Багдатис смета дека српскиот играч Новак Ѓоковиќ ќе замине во пензија ако го освои Вимблдон оваа година.

Поранешниот осми тенисер во светот е убеден дека Ѓоковиќ сè уште е во состојба да стигне до титулата на турнирот.

„Ѓоковиќ сака оваа година да го освои Вимблдон и да замине во пензија. Мислам дека тоа е неговата цел. Затоа го ангажираше Енди Мареј за тренер, па така и навивачите ќе бидат на негова страна“, кажа Багдатис.