Арнолд ги пакува куферите: Слот веќе ја договори неговата замена

Трент Александер-Арнолд е сè поблиску до заминување од Ливерпул, а тренерот Арне Слот реши веднаш да ангажира негова замена.

Ливерпул нема повеќе да губи време и наскоро ќе испрати понуда до фудбалерот на Баер Леверкузен, Жереми Фримпонг, откако претходно играчот наводно се договорил со Слот.

Новинарот Кристијан Фалк откри дека Слот и Фримпонг разговарале телефонски неколку пати, при што ја договориле соработката.