
Нови детали: Марадона лежел два часа мртов во нечиста соба!?
Седум членови на неговиот медицински тим се осомничени за смртта на Марадона, а докторот Колин Кембел откри нови детали.
„Куќата беше валкана, посебно собата во која се наоѓаше Марадона, без основни хигиенски услови или медицинска опрема. Марадона беше мртов повеќе од два часа, а во неговата соба немаше ништо што требаше да помогне при реанимација“, открива докторот.
На судењето треба да сведочат и над 100 сведоци, додека осомничените се соочуваат со затворски казни до 25 години ако бидат прогласени за виновни.