
Македонија со три гола го расплака Лихтенштајн среде Вадуц (ВИДЕО)
Избраниците на селекторот Благоја Милевски по само седум минути го отворија резултатот, откако Бојан Миовски имаше одличен пробив во казнениот простор на ривалот, по што испрати центаршут, а потоа Александар Трајковски со глава погоди за 1-0.
Водството на Македонија го зголеми Висар Муслиу, откако се најде на вистинско место во казнениот простор на Лихтенштајн и потоа со волеј на мајсторски начин ја затресе мрежата на домаќинот.
Победата на македонските репрезентативци ја запечати Миовски во 84. минута од натпреварот по одличниот центаршут на Бојан Илиевски.
Македонија го игра следниот меч против Велс на 25 март од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.