Поранешен тренер на Интер ќе седне на кормилото на Јувентус

„Газета дело Спорт“ објави дека поранешниот италијански шампион Јувентус имал разговори со Роберто Манчини и наводно постигнале договор за преземање на кормилото.

Јувентус нема најдобри резултати под водство на Тијаго Мота, па поради тоа реши да направи промена на тренерското столче.

Манчини во минатото ги тренираше Лацио, Интер, Манчестер сити и други екипи, па „Старата дама“ смета дека Италијанецот има доволно искуство за да се соочи со тешкиот предизвик.