Кер: Ова беше еден од најдобрите натпревари, жал ми е за Србија!

Американците беа пред сензационална елиминација од Олимписките игри, но успеаа да го свртат резултатот во финишот, да ја победат Србија и да се пласираат во големото финале.

Селекторот на САД, Стив Кер вели дека овој меч бил еден од најдобрите на кои тој учествувал. Има само пофалби за Србија.

„Србија е одличен тим, водени се одлично од селекторот и никогаш не е лесно да победите ист тим типати во низа. На претходните два тие не беа доволно конкурентни, но овојпат одиграа совршено. Погодија многу шутеви, Аврамовиќ погодуваше тројки, одиграа фантастично како тим. Беа навистина ангажирани“, вели Кер.

„Се чувствувам гордо но и понизно што бев дел од овој меч. Ова беше еден од најдобрите натпревари во мојот живот, жал ми е за Србите. Многу сум среќен за победата, но кога видов како некои српските кошаркари плачат по мечот, ми беше жал за нив. Направија се како што треба, играа преубава кошарка и благодарен сум што бев дел од ваков кошаркарски меч“.

„Србија го има најдобриот кошаркар во светот, Јокиќ е најдобриот. Бев загрижен во текот на целиот меч и пред мечот. Србија знае да игра кошарка, паметни се и цврсти како тим. Ова не е најдобриот шутерски тим кој го имале, но погодија се што шутнаа. Мислам дека погодија при секоја важна ситуација, но ние успеавме да се вратиме и да победиме. Беше навистина тешко“.