Како Клиперс го лапнаа МВП-то сезонава – откриени деталите од трансферот на годината!

Каваи Ленард, прватавиолина на Торонто Рапторс беше човекот што го водеше првиот канадски тим до шампионска титула во НБА, а со тоа си ја заслужи наградата за МВП на плејофот и на крај стана прва ѕвезда во најлудиот преоден рок – замина во ЛА Клиперс.

Ленард се врати во родниот Лос Анџелес, а успеа и да ги наговори Клиперси да донесат уште една ѕвезда, па Пол Џорџ дојде од Оклахома сити. И вистинска сага беше каде Ленард ќе игра во новата сезона. Торонто му нудеше нов договор, жителите дури и дополнителен луксуз – атрактивен пентхаус, бесплатно доживотно јадење по ресторани... ЛА Лејкерс со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, исто така беа заинтересирани, но на крај победи на изненадување на сите – Клиперс.

Ленард со тоа стана првиот МВП, кој поваква награда и освоена титула прави трансфер, а американските новинари успеа да откријат како тој заврши во родниот град и како Клиперс успеале да го донесат.

Првите информации беа дека Ленард добил четиригодишен договор вреден 142 милиони долари, но такво нешто не се случило. Тој во Клиперс има 103 милиони „зелени банкноти“ вреден тригодишен договор, ама во последната сеозна ќе има „играчка опција“, односно дека ќе има шанса под одредени околности да излезе од договорот и да стане слободен играч.

Очигледно ова било најпривлечно за Каваи, штом прифатил да дојде во Клиперс.