
Како Џери Вест станал дел од НБА логото?
Во 1969 година НБА го изнајми познатиот дизајнер Алан Сигел да креира ново лого за ова натпреварување. Сигел претходно работеше на логоата на МЛБ лигата во бејзбол и челните луѓе на кошаркарската организација се надеваа дека нешто слично може да направи и за нив.
Сигел поминувал низ илјада и илјада слики се додека не стигнал до една од Вест во дресот на Лејкерс кога донел конечна одлука по таа слика да го креира логото.
Така треба да се каже дека Вест се нашол на НБА логото само затоа што на дизајнерот му се допаднала таа слика. Инаку во тоа време најголема ѕвезда беше Бил Расел со своите 11 прстени.
„Тоа е многу елегантна и силна претстава на кошарката. Тешко е графички да направите нешто такво. Да се постигне таа тензија во движењата и грациозноста. Навистина е многу тешко, мораше да биде едноставно и да биде силно. Таа фотографија ги има сите потребни елементи“, ја објаснил Сигел својата одлука.
Од тогаш па се до денес Џери Вест е препознатлив за милиони навивачи ширум планетата.