Почина кошаркарот чија силуета е на логото на НБА!

Легендарниот американски кошаркар Џери Вест по кого и настана актуелното лого почина на 86-годишна возраст, пренесуваат американските медиуми.

Тој беше еден од најпрепознатливите ликови на американската кошарка во последните осум децении. Работеше во Лос Анџелес од 1980 до 2000 година, а потоа беше советник во Голден Стејт.

Беше и вицекапитен на олимпискиот тим на САД во 1960 година, додека од Ол-стар тимот беше дел дури 14 пати.

Дури 12. пати беше дел од НБА тимот на сезоната, додека пет пати беше дел од најдобрите дефанзивни екипи.

Во текот на кариерата стана познат и по неговиот шут за три поени. Со Чембрлен и Оскар Робертсон прв влезе во клубот играчи кои постигнале 25.000 поени во НБА. Во просек постигнуваше по 27 поени и 6.7 асистенции и 5.8 скокови по натпревар.