
Јокиќ жестоко удри по соиграч, па после малку ја – спушти топката (ВИДЕО)
Нагетси до триумфот стигнаа по продолжение на домашен терен, но српскиот центар не беше задоволен од настапот на Портер, кој натпреварот го заврши со само три поени и четири скока.
„Ако не сакате да бидете вклучени сега – тогаш не би требало да се занимавате со овој спорт“, изјави Јокиќ пред новинарите, испраќајќи јасна порака до својот соиграч.
Но, неколку моменти подоцна, Србинот ја ублажи изјавата.
„Но, ова беше само еден натпревар, такви работи се случуваат. За два дена не очекува сосема поинаков натпревар“, додаде тој.