Јокиќ и Марјановиќ качени на столици прават џумбус во кафеана во Сомбор (ВИДЕО)

Српските кошаркари Никола Јокиќ и Бобан Марјановиќ одлично го користат слободното време по напорната сезона, особено за центарот на Денвер нагетс кој со своите фантастични игри дојде до третиот МВП трофеј во НБА во својата кариера.

Двајцата прексиноќа уживаа во кафеана во Сомбор и тоа со песните на Ана Бекута, која им пееше во живо. На социјалните мрежи се шири снимка како двајцата качени на столици уживаат во хит-песната на фолкерката - Бекрија.

Јокиќ и Марјановиќ наскоро треба да почнат со подготовките за Олимписките игри, на кои Србите се меѓу фаворитите за еден од медалите.