Шпанија нема да игра со најдобрите против Албанија, Де ла Фуенте најави промени!

Селектрот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте најави промени во составот за денешниот меч против Албанија, но вели дека со кои играчи и да настапи, ќе одат на победа.

Шпанија по само две одиграни кола го освои првото место во групата, па денешниот меч против Албанија за нив нема никакво значење.

Албанија брка победа за осминафинале, па добра вест за нив е дека Шпанија ќе одмори дел од своите најдобри фудбалери.

„Ќе направиме пормени и чувствуваме дека тоа е исправно. Имам комплетна доверба во нашите 26 играчи кои се во репрезентацијата. Сите имаат можност да играат тука на високо ниво, затоа сум мирен. Ме интересира само победа, сакаме да победиме на секој меч, така ќе биде и со Албанија“, рече Де ла Фуенте.