Халанд за првпат сезонава не постигна гол: Само бод за Манчестер Сити против Њукасл (ВИДЕО)

По ремито во дербито со Арсенал, Манчестер не победи ниту на гостувањето со Њукасл одигрувајќи 1-1.

Имаа „граѓаните“ повеќе од играта во првиот дел, но и Њукасл создаде свои прилики. Подобрата игра донесе и гол за водство на Манчестер Сити кој го постигна дефанзивецот Јошко Гвардиол.

Со минимална предност, Сити замина и на паузата. По 15-тина минути игра во вториот дел Њукасл доби најстрога казна, а сигурен реализатор беше Гордон.

По тој гол избраниците на Пеп Гвардиола не успеаа да создадат некоја посериозна прилика, па така и резултатот не се промени. Треба да се каже и дека ова беше прв натпревар од почетокот на сезоната на Манчестер Сити во кој Халанд не постигна гол.