Ковачиќ: Не го покажавме нашето право лице, против Италија ќе го направиме тоа!
Ремито со Албанија ги чинеше многу, Хрватите сега имаат само една опција, а таа не лесна, да се победи Хрватска.
„Имаме неколку постари фудбалери, но тоа што е најважно е како се чувствуваме, а се чувствуваме добро. Не го покажавме нашето вистинско лице на првите два меча, но можеме тоа да го направиме против Италија. Подготвени сме и фокусирани на натпреварот и не сме загрижени за она што се пишува надвор. Секој има право на свое мислење, за нас е чест да играме за Хрватска“, рече Ковачиќ пред денешниот меч.