
На Хоселу му е јасно дека за него нема место - заминува од Реал Мадрид!
Тој минатата сезона играше како позајмен од Еспањол со опција да биде откупен за само 1,5 милиони евра.
Но, на Хоселу му е јасно дека ако остане во Реал Мадрид ќе има уште помалку простор за игра со доаѓањето на Мбапе и Ендрик.
Тој одлучи да прифати понуда од Катар која финансиски е подобра од онаа на Реал Мадрид, а со неговите 34 години смета дека време е за печалба.