Далиќ: За нас почна нокаут фазата, одиме на победа против Италија - не ми се враќа рано дома!
Ремито со Албанија ги чинеше многу, Хрватите сега имаат само една опција, а таа не лесна, да се победи Хрватска.
„Ова е уште еден меч за нас во серијата на историски натпревари. Подготвени сме и веруваме дека можеме да одиграме добро. Свесни сме за ситуацијата, нокаут фазата за нас веќе почна. Само победа е опција. Со три бода ќе одиме понатаму, со се друго одиме дома. Не сакам да си одам дома рано“, вели селекторот Далиќ.