Шишковски пред потпис со шампионот на БиХ

Македонскиот голман Дамјан Шишковски наскоро би можел да го облече дресот на босанскиот шампион Борац од Бања Лука, откако претходно екипата се раздели со Марко Милошевиќ.

Босанските медиуми пишуваат дека главна желба на шампионот е 29-годишниот Шишковски, кој претходно играше за Арарат, Работнички, Докса, Ропс и Лахти.

Шишковски минатата сезона за Арарат настапи на 24 натпревари, при што прими 39 голови, а пет пат ја зачува својата мрежа недопрена.