Мората готвеше карбонара за цела шпанска репрезентација! (ВИДЕО)

Алваро Мората ги покажа своите готвачки вештини, напаѓачот и капитен на шпанската репрезентација правеше карбонара шпагети за своите соиграчи.

Дел од останатите фудбалери го следеа како готви, а на крајот сите се наредија за да добијат од оброкот.