Јокиќ и Мареј не можат сами: Денвер поразен од Јута (ВИДЕО)

Денвер загуби од Јута со 105-109 на свој паркет и покрај одличната партија на првите две ѕвезди на тимот Никола Јокиќ и Џамал Мареј, кои искомбинираа дури 65 поени. 

Српскиот центар не запиша трипл-дабл, бидејќи му недостигаше само уште една асистенција, а натпреварот го заврши со 35 поени и 14 скока. Мареј придодаде 30 поени за Нагетс. Освен овие двајца ниту еден друг кошаркар на Денвер немаше двоцифрен ефект во нападот, за разлика од Јута, која имаше дури шест кошаркари со 10 или повеќе поени. Џордан Кларксон беше најдобар со 23 поени, додека Донован Мичел постигна 18 поени. 

Деарон Фокс имаше 43 поени и 13 асистенции, но тоа не беше доволно за Сакременто. Њу Орлеанс славеше на паркетот кај Кингс со 128-123, а до победата тимот го водеше Зајон Вилијамсон со 31 поен.

Лос Анџелес клиперс со 129-96 ја совлада Индијана.