Јокиќ: Голема чест ми е што Ѓоковиќ ми е сонародник! (ВИДЕО)

Во престојните денови Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ може да ги израдуваат своите сонародници со нови историски успеси.

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Ролан Гарос и доколку победи ќе стане тенисерот со најмногу грен слем титули во историјата, вкупно 23.

Никола Јокиќ со Денвер на домашен терен има шанси да дојде до својата прва НБА титула.

По новата победа во Мајами, Никола Јокиќ не штедеше пофалби за Новак Ѓоковиќ.

„Ми пиша Ѓоковиќ, навистина, не лажам. Тој е неверојатен во својот спорт. Постојано ја менува историјата, еден од најдобрите е на сите времиња, ако не и најдобар на сите времиња. Има убава можност да освои уште еден грен слем. Тој е неверојатен спортист, и тоа што го имам како сонародник кој нѐ претставува во светот мислам дека е голема чест. Мислам дека луѓето во Србија се многу среќни што го имаат Ѓоковиќ како сонародник“, вели Јокиќ.