Јокиќ блесна во „Медисон Сквер Гарден“, но Денвер загуби од Њујорк (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс загубија по петти пат во последните шест натпревари, откако вечерва беа немоќни на гостувањето во „Медисон Сквер Гарден“ кај Њујорк никс (110-116).

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше блиску до трипл-дабл, откако за 36 минути на паркетот постигна 24 поени, 10 скокови и осум асистенции, но тоа не му беше доволно на Денвер.

Најефикасни во триумфот на Њујорк беа Џејлен Брансон со 24 поени, Ар Џеј Берет со 21 и Џулијус Рендл со 20 поени.