Јокиќ беспомошно гледаше како Дончиќ го „гази“ неговиот Денвер (ВИДЕО)
Херој на вечерта беше Лука Дончиќ, кој одигра маестрално и натпреварот го заврши со нов трипл-дабл со 38 поени, 13 скока и 10 асистенции. Словенецот со ова го престигна Никола Јокиќ по број на вакви статистички учиноци со 30 или повеќе поени – уште еден силен аргумент во индивидуалната трка за најдобрите во лигата. Српскиот ас и оваа средба ја следеше крај аут линијата поради повреда.
Дончиќ доби голема поддршка од Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со 19 поени, девет скока и осум асистенции, а со атрактивно забивање во финишот го одби последниот обид на Денвер за камбек. Нагетси настапија значително ослабени – без Јокиќ и уште неколку стандардни првотимци, додека кај Лејкерс недостасуваше Остин Ривс. Сепак, тоа не им пречеше на гостите од Лос Анџелес во клучните моменти да ја преземат контролата. Кај Денвер најрасположен беше Џамал Мареј со 28 поени и 11 асистенции, додека солидни партии прикажаа и Ерон Гордон и Пејтон Вотсон со по 18 поени.
По овој меч, Лејкерс имаат скор 26-16 и се наоѓаат на седмото место на Западот, додека Денвер, и покрај поразот, останува трет со биланс 29-15.
ФОТО: X / @HiddenNBA