Јанис во фантастична форма пред крајот на сезоната - втор супер трипл дабл по ред (ВИДЕО)

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумпо игра фантастично во финишот од сезоната и уште еднаш докажува дека неправедно е запоставен во трката за МВП признанието.

Грчкиот репрезентативец оствари уште еден трипл дабл со фантастични бројки по ред. Откако блескаше против Филаделфија, ноќеска на Мајами му даде 36 поени со 15 скока и 10 асистенции, а Милвоки по продолжение славеше 121-115 и официјално го обезбеди пласманот во плејофот со тоа што се уште е дилема дали во него ќе влезе како петти или шести на Истокот.

На спротивната страна се истакна Бем Адебајо кој постигна 31 поен, 12 скока и 5 асистенции. Мајами веќе е пласиран во плејинот, но во моментов е на десеттото место што значи дека, ако ништо не се смени, ќе има тешка задача за да оди стигне до разигрувањето за титулата.

РЕЗУЛТАТИ
Атланта - Њујорк 105-121
Филаделфија - Минесота 109-114
Детроит - Мемфис 103-109
Мајами - Милвоки 115-119
ЛА Клиперс - Далас 135-104