Следната дестинација на Тен Хаг ќе биде Италија!?

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вчера беше на трибините на Олимпико каде го проследи дербито меѓу Рома и Јувентус.

Неговото присуство на овој меч ги активираше шпекулациите дека неговиот следен ангажман би можел да биде во Серија А.

Рома во следната сезона ќе има нов тренер и покрај тоа што Раниери сосема успешно го води тимот. Но, искусниот италијански стратег беше изваден од пензија само да ја доврши оваа сезона.

Но, нов тренер планира и Јувентус кој го назначи Тудор како привремено решение до крајот на сезоната.

Нејасно е дали Тен Хаг вчера на Олимпико бил поради Рома или поради Јувентус, но можно е неговото присуство на стадионот да не било поврзано со негов следен ангажман.

Фото: EPA photo