Големи пофалби за Шортс - го споредија со Тони Паркер!

Maкедонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс е вистински лидер на Париз во историската сезона за овој тим, а сега тренерот Тијаго Сплитер го спореди со еден од најголемите кошаркари во историјата, Тони Паркер.

Сплитер го препозна како клучен играч во тимот и му даде целосно слобода, а Шортс му врати со фантастични настапи и е еден од кандидатите за МВП во Евролигата.

„Тој е спектакуларен играч. Навистина е низок, но е многу експлозивен. Многу е брз и паметен. Да, многу, многу паметен. Играв со многу плејмејкери како што се Уертас, Приџони, Калдерон, Тони Паркер...Ако зборуваме за читањето на играта, Шортс е на нивно ниво“, изјаив Сплитер.

Сезонава Шортс бележи 19 поени, 2.8 скокови и 7.5 асистенции по натпревар со што е лидер во Евролигата.