ПСЖ доминираше, но не успеа да ја „откаже“ Астон Вила и за реваншот (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен ја оправда фаворитската улога против Астон Вила, но победата од 3-1 остава простор Астон Вила да се надева дека може да направи нешто во реваншот.

Ако се погледне играта и случувањата на теренот домаќините заслужија да постигнат барем уште три-четири гола, меѓутоа на крајот славеа со само еден гол разлика.

Иако ПСЖ доминираше, Астон Вила беше таа која прва стигна до гол и тоа од својата прва посериозна прилиа, погоди Роџерс во 35. минута. Избраниците на Луис Енрике израмнија пет минути подоцна преку Дуе.

Само што започна второто полувреме Грузиецот Кварацхелија стрелаше за пресврт и водство на ПСЖ. До крајот францускиот претставник продолжи да напаѓа, а постигна само уште еден гол и тоа во втората минуда од судиското продолжение, стрелаше Нуно Мендеш.

Фото: EPA PHOTO