Арсенал го задржа својот бисер кој се поврзуваше и со Реал Мадрид!

Арсенал потпиша нов договор со младиот бек, Мајлс Луис-Скели кој блесна во минатата сезона и го навлече интересот на гигантите.

Според Фабрицио Романо, Мајлс Луис-Скели ставил потпис на нов долг договор со Арсенал.

Тој треба да биде еден од клучните играчи на топчиите во иднина.

Се очекува неговото продолжување на договорот наскоро и официјално да биде објавено.