Дарко Ѓукиќ се враќа во Македонија, но не во Вардар - потпишува за Охрид!

Поранешниот ракометар на Вардар, српскиот играч Дарко Ѓукиќ по една година се враќа во македонското првенство, сега ќе го носи дресот на Охрид.

РК Охрид ја зголемува српската колонија, се создава проект кој треба да биде конкурентен на Пелистер, Вардар и Алкалоид.

Според „Балкан-Хендбал“, ново засилување за Охриѓани ќе биде српскиот репрезентативец, Дарко Ѓукиќ.

Ѓукиќ на македонската публика ѝ е познат по настапите за Вардар во кој се задржа три сезони, минатата година ја мина во Динамо Букурешт, но брзо одлучи да се врати во Македонија.

Наскоро се очекува и официјална презентација на Ѓукиќ како ракометар на Охрид.