Ракометарките со луда серија останаа во игра за Мундијал!

Женската ракометна репрезентација забележа пораз од четири разлика (22-18) од кој според тоа како се одвиваше натпреварот и можеме да бидеме задоволни.

Полска влезе како фаворит во натпреварот, а македонските ракометарки беа рамноправен противник само во првиот дел од првото полувреме.

Домаќините при резултат 5-4 направија серија од три гола по која констатно беа во сигурно водство кое постепено и растеше. На полувремето Македонија имаше негатива од шест гола разлика (14-8).

Во вториот дел Полска продолжи да биде подобрата селекција на теренот, па така стигнаа и до двоцифрена предност од 21-11.

Но, потоа во финишот следуваше неверојатен пад кај полските ракометарки кои во последните десетина минути не постигнаа гол, а Македонија направи серија од 5-0 со која се избори за пораз од 22-18.

Со осум гола во нашите редови најефикасна беше Сара Ристовска, а по два постигнаа Гакидова, Коларовска и Дамјановска. Голманките Мицевска и Петковска собраа по четири одбрани.

Реваншот се игра во Битола в сабота од 19:00 часот.