Бразил го избрал новиот селектор - ќе биде претставен во мај!

Според последните најави нов селектор на Бразил ќе биде Жоре Жесус, пренесуваат медиумите во Јужна Америка.

Португалецот на клупата треба да пристигне на местото на Доривал Жуниор кој беше отпуштен по дебаклот од Аргентина во квалификациите за Светското првенство (4-1).

Во овој момент Жесус е под договор со Ал Хилал, а наводно Бразил е подготвен да плати сума од околу 2.5 милиони евра за предвремен раскин на договорот.

Најавите се дека Жесус ќе стави потпис на соработка до крајот на Мундијалот во 2026 година.