
Избрани новите членови на НБА Куќата на славните - Ентони и Хауард ќе бидат примени два пати
И едниот и другиот имаа блескави кариери, Ентони е десетти стрелец на сите времиња, а Хауард беше еден од најдобрите дефанзивци и скокачи во историјата на НБА лигата. Освен тоа, имаа успеси и со американската репрезентација и оставија длабока трага во најсилната светска кошаркарска лига.
Куриозитет е тоа што двајцата, два пати ќе бидат примени во Куќата на славните во 2025 година, еднаш индивидуално како кошаркари и еднаш како членови на американската репрезентација која ја освои титулата на Олимписките игри во Пекинг 2008 година, заедно со Коби Брајант, Џејсон Кид, Двејн Вејд, Леброн Џејмс, Крис Пол, Крис Бош итн, под водство на Мајк Кшижевски.
Покрај нив, Класата 2025 ја сочинуваат уште судијата Дени Крофорд, поранешниот тренер на Чикаго Билс и Оклахома Сити Тандер, Били Донован, кошаркарките Сју Бирд, Маја Мур и Силвија Фоулс и функционерот од Мајами Хит, Мики Арисон.
И оваа година немаше место за славниот српски тренер Душан Ивковиќ иако тој беше единствен кандидат од европските стручњаци.